Деветмина затвореници загинаа во бунт во Еквадор

Од:

Деветмина затвореници загинаа, а 20 се повредени во бунт во затвор во крајбрежниот град Гвајакил во Еквадор, што се случил ноќеска, соопшти затворската управа. Генералниот командант на полицијата, Патрисио Кариљо, на Твитер напиша дека „неколку полицајци се во критична состојба“.

Во соопштението на затворската управа се наведува дека тие мора да го преиспитаат управувањето со таа институција поради конфликтите меѓу бандите.

Управата посочува дека избувнувањето на немирите на групите демонстранти внатре и надвор од затворот е со цел „да ја дестабилизираат“ нивната работа.

Во затворите во Еквадор има околу 38.000 затвореници, што е за 30 проценти повеќе од капацитетот.

Поради пандемијата на коронавирус, Еквадор одлучи да ги преиначи казните за помали прекршоци, со што е намалена пренатрупаноста, која беше 42 проценти пред здравствената криза.

Би можело да ве интересира

Избегал од затвор и крадел низ Крива Паланка

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Укинат притворот за возачот на Палчо

Александар Тодески

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он