Деветмина загинати и 17 повредени во руски ракетен напад во Запорожје

Од:

Девет лица загинаа денеска во руски напад врз градот Запорожје во јужна Украина, соопштија регионалните власти, додека две лица загинаа во напад во центарот на земјата.

Гувернерот на областа Запорожје, Иван Федоров, изјави дека во нападот, во кој била запалена зграда, загинале девет лица.

Две лица загинаа, а 19 се повредени во напад на друг град, Криви Рих во централна Украина, кој е роден град на претседателот Володимир Зеленски, соопштија локалните власти.

Тие напади доаѓаат по неколкунеделна ескалација во војната што започна во февруари 2022 година.

Руските сили ги засилија нападите врз енергетската инфраструктура на Украина.

Би можело да ве интересира

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила