Девет жртви од вирусот Н1Х1 на Западниот брег

Од:

Девет Палестинци починаа од свински грип на Западниот брег, а над 225 лица се заразени од вирусот, соопшти денеска палестинскиот заменик министер за здравство Асад Рамлави.

Рамлави истакна дека на Западниот брег, каде има 2,5 милиони жители, сезонава се дистрибуирани 25.000 вакцини со цел да се спречи епидемија на вирусот.

Првиот случај на вирусот е забележан во Мексико во март 2009 година, а во светот од него починаа неколку илјади лица.

Светската здравствена организација го прогласи свинскиот грип за прва глобална пандемија на грип во последните 40 години.

Вирусот свински грип Х1Н1 сега се смета за сезонски грип и влегува во стандардната годишна вакцинација против грип.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип