Девет загинати и двајца повредени во експлозија во индонезиски рудник за јаглен

Од:

Девет лица загинаа, а две други се повредени денеска по експлозија на метан во рудник за јаглен во провинцијата Западна Суматра, во Индонезија, соопштија властите, пренесе ДПА.

-По експлозијата во рудникот во областа Сувахлунто пет лица успеале да побегнат од окното на рудникот, од кои двајца се здобиле со тешки изгореници, изјави Румаинур, официјален претставник на провинциската Агенција за цивилна заштита.

Портпаролот на провинциската полиција Дви Сулистиаван изјави дека и досега имало слични несреќи во оваа област, главно поради доаѓањето во конакт на ситни честички од јагленова прашина со извор на топлина.

Савахлунто го изградиле холандските колонизатори во 19 вел и бол познат како град на јагленот, пренесува ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше голем вулкан во Индонезија: Лава тече и до седум километри наоколу

Ана Ололовска

Пожар во складиште за гориво во Индонезија – загинаа 16 лица, се трага по 16 исчезнати

Земјотрес со јачина од 5,5 степени во Индонезија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Индонезија

Предраг Петровиќ

Земјотрес со магнитуда од 6 степени според Рихтер го погоди островот Сулавеси во Индонезија

Ана Ололовска

Силен земјотрес во Индонезија

Ана Ололовска