Девет тинејџери загинаа при уривање на мост на Суматра

Од:

Девет лица се удавија во надојдената вода откако се урна пешачки мост на индонезискиот остров Суматра, соопштија денеска локалните власти.

Девет тела биле извлечени од вода 20 километри подалеку од мостот кој се урна вчера попладне во провинцијата Бенгкулу.

Спасени се 20 лица, а едно е префрлено во болница со сериозни повреди.

Спасувачите трагаат по 14-годишно момче, кое се води како исчезнато.
Околу 30 луѓе, од кои повеќето биле тинејџери, по посетата на блиската хидроцентрала застанале на мостот за да се сликаат над надојдената река.

– Очигледно дека биле повеќе луѓе отколку што може да издржи капацитетот на мостот, некои тинејџери дури и го нишале мостот на шега, изјавија спасувачите.

Сезонските дождови последните недели предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски