Деведесет деца од Украина болни од карцином префрлени во Велика Британија

Од:

Деведесет украински деца болни од рак пристигнаа во Велика Британија за да можат да го продолжат лекувањето. Децата и членовите на нивните потесни семејства пристигнаа со итен лет организиран од британските власти во неделата на барање на полските власти.

„Горд сум што Обединетото Кралство нуди здравствена заштита што може да ги спаси животите на украинските деца кои се протерани од нивните домови поради руската инвазија додека се лекуваат. “, рече министерот за здрвство на Велика Британија Саџид Џавид.

Поради војната во Украина, стотици Украинци веќе не можат да се лекуваат. Руските сили напаѓаат се поголем број градови, а на болниците сè повеќе им недостасуваат залихи на лекови. Голем број болни деца биле пренесени во Полска, а властите на таа земја побарале помош за да им ја обезбедат сета потребна здравствена заштита.

Детски онколог од Полска за Би-би-си изјави вели дека повеќето од децата кои пристигнале во нејзината болница се во животозагрозувачка состојба.

Унгарија и Молдавија нудат бесплатни вакцини против Ковид на украинските бегалци, а Словачка обезбедува бесплатен третман за оние со коронавирус, јавува Би-Би-Си. Романија испрати медицински тимови да ги тестираат украинските бегалци и да им овозможат можност да се вакцинираат против Ковид.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин