Детали за падот на ракетата во Молдавија: Мештаните слушнале тресок, нема опасност од експлозија

Од:

Молдавските власти во понеделникот објавија дека граничната полиција пронашла ракета која паднала на северот на земјата и дека фрагментите не претставуваат опасност бидејќи не содржат експлозивни материи.

Ракетата е пронајдена во овоштарник во близина на градот Бричени на северот на земјата, каде што се наоѓа границата со Украина, соопшти Министерството за внатрешни работи на Молдавија.

„Според резултатите од истрагата за инцидентот кај градот Бричени и специјализираните технички проверки на компанијата „Бобмтек“, исклучени се ризиците од експлозија“, напиша Министерството на Телеграм.

Се додава дека „специјалистите за бомби го испитале трупот на ракетата и четири други фрагменти пронајдени во различни области и дошле до заклучок дека тие не содржат експлозивни материјали“.

Министерството во понеделникот соопшти дека граничната полиција „ја зголемила будноста поради интензивното руско бомбардирање на Украина“ кога ја пронашла бомбата.

Сепак, ништо не беше кажано на кого му припаѓа ракетата. Молдавските медиуми објавија неколку фотографии од местото на настанот, наведувајќи дека овие фрагменти се идентични со парчињата од украинската ракета С-300 што падна во Полска во ноември. Во тој инцидент загинаа две лица, а Полска го смета за несреќен случај.

Објавени се видеа на кои се слуша звук од објект што се приближува, за кој се претпоставува дека е ракета која паднала во Молдавија.

Луѓето од областа изјавија за молдавските медиуми дека слушнале тресок.

Рускиот воен експерт Алексеј Леонков за РИА Новости изјави дека фрагментите од ракетата припаѓаат на противвоздушниот систем С-300.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“