Десетмина поранешни американски министри за одбрана порачаа: Изборите се завршени

Од:

Сите десетмина поранешни министри за одбрана на САД кои се живи, објавија јавно писмо во кое оценуваат дека изборите за претседател на САД се завршени.

Писмото, објавено во Вашингтон пост, а чии потписници се и двајца поранешни министри на Доналд Трамп – Џејмс Матис и Марк Еспер, е демонстрација на сила против напорите на Трамп да ги поништи изборните резултати, пренесува Си-Ен-Ен.

Писмото го потпишаа и Дик Чејни, Леон Панета, Доналд Рамсфелд, Вилијам Коен, Чак Хагел, Роберт Гејтс, Вилијам Пери и Ештон Картер.

„Изборите се одржаа. Извршени се пребројувања и ревизии. Судовите ги разгледаа соодветните жалби. Гувернерите ги проверија резултатите. Изборниот колеџ, исто така, гласаше. Времето за испитување на резултатите помина, дојде време за формално пребројување на гласовите на Изборниот колеџ, како што е пропишано со Уставот и статутот “, се вели во заедничкото писмо на поранешните министри.

Вилијам Коен, кој беше министер за одбрана во времето на претседателот Бил Клинтон, за Си-Ен-Ен, веднаш по објавувањето на писмото, изјави дека тоа е многу необичен потег, што обично го прават министрите за одбрана во време на меѓународна несигурност во врска со националната безбедност на САД, а тие се одлучиле за писмото поради „неуставниот пат“ по кој тргна Трамп.

– Тоа е навистина наш обид да го повикаме американскиот народ. Ние веруваме дека сите се патриоти. Претседателот Трамп ги водеше на неуставен пат и затоа сметавме дека останува на нас, како службеници од Министерството за одбрана да кажеме: Вие положивте заклетва дека ќе и служите на оваа земја, на овој Устав, а не на кој било поединец, рече тој.

Идејата за писмото потекнува од републиканецот Дик Чејни, кој беше министер за одбрана во времето на Џорџ Буш постариот, пред да стане потпретседател за време на Џорџ Буш помладиот.

Поранешните министри го завршија писмото со повид до Министерството за одбрана да се воздржи од каква било политичка активност што може да ги поткопа изборните резултати или да и наштети на транзицијата на новата администрација, која ќе ја предводи Џо Бајден.

Би можело да ве интересира

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он

Аризона и Невада би можеле да бидат решавачки во трката за американскиот Сенат

А1он

Во Аризона и Невада гласовите се пребројуваат со присуство на полиција

Во Џорџија ќе има втор круг, ниту еден кандидат за сенатор нема 50 отсто

Горан Наумовски

Избори за американскиот Сенат: Конечните резултати може да се чекаат со недели

Демократите го освоија потенцијално одлучувачкото место во Пенсилванија за контрола на Сенатот на САД

Ана Ололовска