Десетина жители на сибирско село заразени од Ковид-19, руските власти прават канал за да го спречат ширењето на вирусот во земјата

Од:

Руските власти ископале канал околу оддалечено сибирско село Шулута за да го стават во карантин, откако десетина жители биле заразени со коронавирусот, за кој локалните власти веруваат дека се проширил преку традиционален шамански ритуал.

Селото Шулута, што се наоѓа на околу 30 километри југоисточно од езерото Бајкал, во сибирската провинција Бурјатија, има 37 потврдени случаи на коронавирус меѓу неговите 390 жители, пренесуваат британските медиуми.

-Се верува дека уште 95 лица биле во контакт со заразените и сега и тие мора да бидат ставени во карантин, изјави директорот на локалната администрација Иван Алхеев.

Тој рече дека инфекцијата се појавила откако десетина селани на 10 јуни учествувале во шаманскиот обред што го предводела заразена жена.

Рововите околу Шулута беа ископани на 29 јуни, како мерка за спречување на туристите да се возат низ селото кон блискиот Национален парк Тунка, како и да се ограничи движењето на локалните жители, од кои некои беа скептични во врска со наредбата да се самоизолираат.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија