Десетици јеменски бунтовници убиени во близина на Мариб

Од:

Десетици јеменски бунтовници загинаа во нови воздушни напади во провинцијата Мариб, соопшти денеска воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува владата во војната во Јемен.

Провинцијата Мариб, богата со нафта, е последното упориште на лојалните владини сили во северниот дел на Јемен, каде што војната трае од 2014 година.

Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенира во Јемен од 2015 година и речиси секој ден во изминатиот месец наведува дека им нанела големи загуби на бунтовниците Хути. Хутите, сепак, велат дека напредуваат кон градот Мариб, главниот град на истоимената провинција и главна цел на бунтовниците.

Коалициската авијација која им помага на владините копнени сили во Мариб се обидува да ги спречи Хутите да го заземат градот, чиешто паѓање би било тежок удар за јеменската влада и нивните саудиски сојузници.

Воени возила на Хутите беа уништени во воздушните напади на коалицијата во изминатите 24 часа, а 60 бунтовници се убиени околу градот Мариб и соседната провинција Џаф, се наведува во соопштението на коалицијата пренесено од официјалната саудиска агенција СПА.

Од друга страна, воен претставник потврди дека загинале 28 борци на племе блиско до властите, како и седум припадници на безбедносните сили во борбите јужно од градот Мариб.

Хутите контролираат голем дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана.

Од почетокот на конфликтот во 2014 година, според податоците на меѓународните организации, десетици илјади луѓе, главно цивили, се убиени, а милиони се раселени.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“