Десетици индиски и кинески војници загинаа во погранични судири на Хималаите

Од:

Индиската војска соопшти дека дваесет нејзини војници биле убиени во судирите со кинеските сили во спорното погранично подрачје на северната граница со Кина, што е прв судир со жртви на нивната граница по 45 години.

Индиската армија првично соопшти дека тројца нејзини војници се убиени, но подоцна објави дека уште 17 војници им подлегнале на повредите. Владини извори во Мумбаи јавуваат за вкупно 43 загинати војници на кинеската страна. Официјален Пекинг упати протестна нота до Индија поради инцидентот, кој според кинеските власти се случил кога индиските војници навлегле во кинеска територија.

Кина ги обвини индиските сили за извршување провокативни напади врз нејзините единици и не соопшти дали е убиен некој од нејзините војници. Индиското МНР соопшти дека жртви имало на двете страни.

Според неименуван извор од индиската Влада, војниците се судриле со железни шипки и камења, без да бидат испукани куршуми.

Тоа е прв конфликт помеѓу двата азиски гиганти од 1975 година. Спорната граница е долга речиси 3.500 километри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач