Десетици авганистански девојчиња протестираат против забраната за образование што ја воведоа талибанците

Од:

Група тинејџерки денеска излегоа на улиците на главниот град на авганистанската провинција Пактија за да го побараат своето право на образование, пренесе ДПА повикувајќи се на локалните медиуми.

На снимките што ги објави TOLOnews се гледаат десетици девојчиња во училишни униформи како маршираат на улица во градот Гардез.

Во Пактија мнозинството население е од паштунска етничка припадност и доминираат конзервативни племенски традиции. Покраината е исто така упориште на заменик-врховниот лидер и министер за внатрешни работи на талибанците, Сираџудин Хакани.

– Зошто ни ги затворивте училиштата? Зошто си играте со нашите чувства?, прашува низ солзи една девојка на едно од објавените видеа.

Минатата недела беше објавено дека локалните власти отвориле пет средни училишта за ученички на барање на племенските старешини.

Откако се вратија на власт минатата година, талибанците им забранија на девојчињата да се школуваат по шесто одделение.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека ова прашање ќе биде истражено, додавајќи дека само Министерството за образование на талибанците има овластување да одлучува за такви прашања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Силен земјотрес го погоди Авганистан