Десет Палестинци убиени во израелска рација на Западниот Брег

Од:

Најмалку десет Палестинци загинаа денеска, а повеќе од 100 се ранети во судирите кога израелски војници влегоа во палестинскиот град Наблус на окупираниот Западен Брег, соопштија палестинските здравствени власти.

Конфликтот, за време на кој една зграда беше срамнета со земја и продавниците преполни со куршуми, е еден од најсмртоносните во изминатата речиси една година конфликт на Западниот Брег и во анектираниот Источен Ерусалим, а може да се очекува ново крвопролевање, пренесува Танјуг.

Исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со друга палестинска територија – Појасот Газа, предупреди дека неговото „трпеливост е при крај“. Хамас веќе војуваше со Израел четири пати откако насилно ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година од силите лојални на поумерената Фатах.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш оцени дека ситуацијата на окупираната палестинска територија е најзапаллива по многу години и операцијата во Наблус ја опиша како „длабоко загрижувачка“ и апелираше да се спречи понатамошна ескалација на насилството, да се намали тензијата и да се врати мирот.

Израелската армија соопшти дека влегла во Наблус за да уапси тројца барани екстремисти осомничени за претходни вооружени напади на Западниот Брег, вклучувајќи го и убиството на израелски војник минатата есен.

Во Наблус, познато упориште на екстремистите, рациите се чести и вообичаено е израелските сили да апсат осомничени екстремисти ноќе, во, како што вели војската, обид да се намалат цивилните жртви.

Овој пат разузнавачките служби им влегле во трага на мажите во скривалиштето и предупредиле дека тие претставуваат непосредна закана, па војниците сред бел ден влегле во големиот палестински град.

Војската опколила зграда и барала да се предадат осомничените, но тие отвориле оган. Еден екстремист е убиен додека се обидувал да побегне, изјави воениот портпарол потполковник Ричард Хехт. Армијата потоа истрела ракети врз куќата и уби уште двајца Палестинци.

За време на рацијата, луѓето пукаа во израелските сили, кои одговорија со боева муниција, а други Палестинци фрлаа камења и експлозиви врз војниците.

Неодамна основаната вооружена група „Лавовско дувло“, чие седиште е во Стариот град Наблус, потврди дека нејзините членови се убиени. Други палестински организации потврдија дека шестмина од загинатите се нивни членови, а нема информации дали останатите припаѓаат на вооружени групи.

Би можело да ве интересира

Израелците пет месеци протестираат против реформите во судството

Договорениот прекин на огнот во Појасот Газа не се почитува, Палестинците истрелаа ракети кон Израел

Ана Ололовска

Двајца Палестинци загинаа во израелска операција

Ана Ололовска

Израелците го убија лидерот на Исламскиот џихад: 25 лица, меѓу кои и жени и деца, загинаа во акцијата

Сириски медиуми: Израел истрела проектили на градот Хомс, повредени тројца цивили

Илјадници Израелци повторно излегоа на улиците за реформи во судството

Ана Ололовска