Десет лица се ранети во пукање во Флорида, од кои двајца критично

Од:

Десет лица се ранети во пукотница во Лејкленд, Флорида, соопшти градската полиција. Пукањето се случи во градот Лејкленд вчера околу пладне, а две лица се во критична состојба, соопшти полицијата, пренесе АП.

Полицијата во Лејкленд сè уште не идентификувала ниту еден осомничен и објавила на Фејсбук дека нуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите.

Началникот на полицијата во Лејкленд, Сем Тејлор, рече дека истражителите веруваат дека нападот не бил случаен и дека жртвите биле цел. Тој додава дека на местото на престрелката е пронајдена марихуана, а истражителите веруваат дека непосредно пред пукањето на местото на инцидентот имало продажба на дрога.

Би можело да ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Го начекаа во сауна, популарниот рапер брутално претепан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Двајца студенти повредени во пукање во Тексас

ВИДЕО: Над Флорида два помали авиони се судрија и паднаа во езеро, четворица загинати

Горан Наумовски

Ранети двајца браќа во пукотница на наплатна станица „Желино“

Најмалку петмина ранети во оружен инцидент во Лос Анџелес

Убиен е новинар кој известувал за друго убиство на Флорида

Горан Наумовски