Десет илјади полицајци се очекува да протестираат по улиците на Брисел

Од:

По улиците на Брисел денеска се очекува да протестираат 10.000 полицајци, незадоволни од недостигот на политички одлуки, поврзани со нивното рано пензионирање.

Се предвидува демонстрантите да ги блокираат улиците два часа во најфреквентиот период од денот во градот. Полицајците не се согласни со тоа дека партиите, кои преговараат за состав на новата влада не предвидуваат мерки во одговор на одлуката на Уставниот суд, со која возраста на пензионирање на таа категорија службеници беше зголемена.

Сега сите службеници на белгискста полиција можат да се пензионираат на 62 години, а до одлуката на судот, според категоријата, тие имаат право да излезат во пензија, ако навршиле соодветно 54 или 60 години.

Партиите, кои се очекува да состават нова федерална влада, предвидуваат построги услови за пензионирање на службениците во јавниот сектор, со кои се предвидува отфрлање на можноста за предвремено заминување во пензија.

Најзасегнати од меркаѕа би биле полицајците и службениците во железниците, за кои досега се правеше исклучок и тие можеа да се пензионираат, пред да навршат 60 години.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски