Десет европски држави жалат поради одлуката на САД за повлекување од договорот „Отворено небо“

Од:

Десет европски земји изразија жалење и загриженост денеска поради одлуката на САД да се повлече од меѓународниот договор „Отворено небо“, објави француското Министерство за надворешни работи.

„Жалиме за намерата на американската Влада да се повлече од договорот и споделуваме загриженост што ја изрази Русија“, се вели во заедничката изјава од десет земји на Европската унија, вклучително и Франција, Германија, Белгија, Шпанија и Холандија.

САД ги известија другите влади-партнери за повлекување од меѓународниот договор наречен „Отворено небо“ (Open Skies Teraty), со кој се овозможуваат извидувачки летови на невооружени авиони над територијата на земјите потписнички, што првично требаше да ја зајакне довербата и да овозможи спречување американско-руски конфликти.

САД соопштија дека сакаат да се повлечат од договорот затоа што Русија го крши, како и затоа што снимките направени за време на тие летови можат да се добијат побрзо и поевтино од американските или комерцијалните сателити.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски