Денис Меквеги и Надја Мурад добитници на Нобеловата награда за мир

Од:

Доктор Денис Меквеги и Надја Мурад се овогодинешните лауреати на Нобеловата награда за мир поради нивните напори за запирање на користењето сексуално насилство како оружје во војните.

Нобеловиот комитет оцени дека докторот од Конго, Денис Меквеги е „најистакнатиот, најобединувачки симбол, на национално и на меѓународно ниво, во борбата против сексуалното насилство во војна и вооружени конфликти”.

Надја Мурад, член на малцинството Јазеиди во Ирак, беше заробена од „Исламска држава“ и постојано беше силувана и подложена на други злоупотреби. Комитетот вели дека покажала „нескротлива храброст во раскажувањето на сопственото страдање”.

По првпат Нобеловата награда за мир е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан, Швајцарија и Фредерик Паси, Франција.

Би можело да ве интересира

Грета Тунберг номинирана за Нобелова награда за мир

А1он

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда поради Хандке

Ана Ололовска

Тројца добитници на Нобеловата награда за економија

Ана Ололовска

Нобелова награда за хемија за научници за развој на литиум-јонски батерии

Ана Ололовска

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за физика

Ана Ололовска

Пет занимливости за Нобеловата награда

Ана Ололовска