Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Од:

Во Кина денеска е Ден на жалост и со триминутно молчење ќе им се оддаде почит на жртвите од новиот коронавирус.

Државниот совет на Кина одлучи 4 април да го прогласи за Ден на национална жалост за жртвите кои починаа како последица на пандемијата на Ковид-19, и за здравствените работници, кои го жртвуваа својот живот за да ги спасат луѓето, објави кинеската национална телевизија.

Според одлуката, денеска во земјата сите знамиња се спуштени на половина копје, како и во кинеските амбасади и конзулати во странство. Откажани се сите јавни активности и настани. Во 10 часот по локално време со триминутно молчење, Кина им оддаде почит на жртвите на коронавирусот.

Денот на жалост се совпадна со почетокот на годишниот празник познат како Ден на предците, кога милиони Кинези и оддаваат чест на починатите членови на своите семејства.

Бројот на заразени лица со коронавирус во Кина од декември 2019 година досега изнесува 81.639, а починаа 3.326 луѓе.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски