Демонстрантите во Судан бараат распуштање на Привремениот воен совет

Од:

Лидерите на протестите во Судан побараа распуштање на Воениот совет, кој на власт дојде минатата недела, оценувајќи оти треба да биде заменет со цивилна инситуција.

– Сакаме распуштање на Воениот совет и негова замена со цивилен совет во кој ќе има и воени претставници, изјави Мухамед Наџи од Здружението на суданските професионалци, кое ги предводеше протестите во Судан.

Армијата на Судан минатата недела по повеќемесечните антивладини протести, го смени претседателот Омар ал Башир, а со земјата раководи Привремен воен совет.

За шеф на Привремениот воен совет назначен е суданскиот министер за одбрана Ахмед Авад Ибн Ауф. Тој најави дека за две години во Судан ќе бидат одржани „слободни и фер избори“.

Протестите во Судан почнаа во декември поради лошата економска состојба во земјата, но набрзо се претворија во израз на општо незадоволство од 30-годинешното владеење на Ал Башир.

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска