Демонстрантите во Иран земале полицајци за заложници

Од:

Портпаролот на иранската Влада Али Рабеи денеска изјави дека „насилните демонстранти“, незадоволни од зголемувањето на цените на бензините за 50 отсто, во текот на немирите земале за заложници полицајци и персонал на агенциите за обезбедување, не давајќи повеќе детали.

Тој кажа дека владата наскоро ќе го одблокира пристапот до интернетот ширум земјата.

Американските медиуми го пренесуваат Рабеи во оценката дека бројот на учесници во протестите во однос на претходниот ден е опаднат за 80 отсто.

Медиумите наведуваат дека во најголемите ирански градови се распоредени голем број припадници на силите за безбедност, за да ги згаснат немирите.

Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди дека против оние кои ќе ги остават автомобилите на улиците во знак на протест заради зголемените цени на горивата ќе бидат отворени правни постапки.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел