Демонстрантите во Хонгконг формираа протестна човечка верига

Од:

Продемократските демонстранти во Хонгконг планираат денеска да ги заземат шопинг центрите. Изминатата ноќ, во текот на протестите, тие формираа човечки вериги, носејќи светилки, јавија западните агенции.

Демонстрантите планираат да се соберат пред конзулатот на Велика Британија, за да бараат Кина да ја почитува Женесвката декларација што ја потпишала во 1984 година со Лондон за иднинатата на поранешната британска колонија, која под кинеска управа беше вратена во 1997 година.

Стотици демонстранти вчера мирно прошетаа низ улиците на градот, пеејќи песни по повод есенскиот фестивал, што е во спротивност со претходните викенди кога полицијата користеше солзавец, гумени куршуми и водени топови.

Демонстрантите, исто така, синоќа се собираа и во шопинг центрите каде повремено се туркаа и удираа со приврзаниците на Кина, пренесуваат британските медиуми.

Протестите во Хонгконг почнаа во јуни заради заради законот за екстрадиција што сега е повлечен, но прераснаа во борба за поголем степен на демократија, а многу млади демонстранти изразуваат незадоволство и заради високите трошоци за живот и недостигот на работни места, наведуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Повеќе од 150.000 луѓе на антидесничарскиот протест во Берлин

Горан Наумовски

Прва победа на земјоделците, ЕУ попушти пред нивните барања

Горан Наумовски