Демонстрантите во Хонг Конг бараат од Кина да се откаже од контролата врз изборите во 2017 година

Од:

Десетици илјади демонстранти, најголем број од нив студенти,останаа на улиците од Хонг Конг и во текот на изминатата ноќ, барајќи повеќе демократија и откажување на властите од Пекинг, од контролата врз изборите во оваа автономна кинеска територија, во 2017 година.

Организаторите на протестите што траат веќе неколку денови,веруваат дека демонстрациите денеска ќе бидат најголеми и најмасовни, токму на денот кога во НР Кина се одбележува националниот празник.

Демонстрантите ги игнорираат повиците на локалните власти за прекин на протестите и за деблокирање на животот во Хонг Конг. Протестите предизвикаа целосен хаос во транспортот и блокада на цели делови од градот и од територијата,наштетувајќи му на локалниот бизнис и на нормалното функционирање на овој финансиски центар на Далечниот Исток.

Протестите избувнаа пред една недела,со блокада на Кинеснкиот универзитет во Хонг Конг и со бојкотирање на наставата, откако Кина го промовираше својот план за надгледување на избороте на оваа територија,иако претходно ветуваше дека ќе се согласи со слободно номинирање на кандидатите за највиските функционери на локалната власт. Хонг Конг до 1997 година беше британска колонија.

Со договор меѓу Велика Британија и Кина,со важност од 50 години,се до 2047 година,властите во Пекинг се обврзаа на почитување на човекови слободи во Хонг Конг какви нема на кинеската територија и на одржување слобдни избори од 2017 година,врз основа на кинеската формула за една држава,со два политички система.

Со изборните реформи,за гласањето во Хонг Конг за три годиниг,што беше обелоденета во текот на август,властите на Кина се согласија со одржувањето слободни избори,но соопштија дека номинирањето на кандидатите нема да биде слободно,како што тоа го бараат демонстрантите,туку тоа ќе се одвива преку специјалниот комитет кој ќе ги определува и потврдува кандидатите за водечкте функции во власта на оваа самоуправна територија.

Официјален Пекинг сега вели дека не прифаќа разговори за прашањата што ги бараат демонстрантите

Кинескиот претседател Кси Џинтанг, во говорот по повод националниот праник 1 октомври, одново ги афирмираше ставовите за тоа дека Кина не се откажува од влијанието врз Хонг Конг.

Актуелниот раководител на оваа територија,Си Леунг одби да поднесе оставка,што ја бараат демонстрантите,но го откажа за денеска огноментот што требаше да се организира синоќа.во предвечеритето на кинескиот национален празник.

Хонг Конг има 7,2 милиони жители и мнозинството од нив ги поддржуваат протестите за повеќе демократија.

Локалните политички набљудувачи проценуваат дека протестите се директен предизвик за властите во Пекинг,но не веруваат дека Кина ќе попушти пред ваквите притисоци,стравувајќи дека повиците за „повеќе демократија“ би можеле подоцна да се префрлат и на улиците на кинеските градови.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала