ФОТО: Демонстрантите мирно ги собраа шаторите од паркот во Анкара

Од:

Полицијата во Анкара успеа да ги убеди демонстрантите во паркот Кугулу да ги соберат поставените шатори, јави Анадолија.

Специјалните единици на полицијата од рано изутринава почнале преговори со демонстрантите во паркот.

ankara-protest-28ik1

Во Кугулу во изминатите две недели беа поставени неколку десетици шатори. Во нив беа сместени претежно студенти, кои имаа за цел да изразат солидарност со учесниците во протестите во паркот Гези во Истанбул.

policija-ankara-sator1

Претходно полицијата презема силни обиди да го расчисти паркот во Анкара, но наиде на остар отпор од демонстрантите.

Изутринава командант на полициската единица успеал во разговор со некои од демонстрантите да ги убеди мирно да ги соберат шаторите и да си заминат дома. Тој побарал да си заминат дома, без да биде принуден да употреби сила.

policija-ankara-sator

Демонстрантите се согласиле по што двете страни го поздравиле договорот со аплауз. Демонстрантите ги поздравиле мирните намери на полицијата, а чуварите на редот позитивниот пристап на демонстрантите. Сепак, не е познато дали сите го напуштиле паркот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес ја погоди Турција

ВИДЕО: Полета првиот турски борбен авион од 5-та генерација

Силен земјотрес ја погоди Турција

Горан Наумовски

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски