Демократскиот конгресмен Ерик Сволвел осомничен за врски со кинеска шпионка

Од:

Републиканците во Конгресот побараа исклучување на демократскиот конгресмен Ерик Сволвел од Комитетот за разузнавање поради сомнеж за врски со кинеска шпионка, јави Си-Ен-Ен.

Во писмото што тие го испратија до спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, а потпишано од Стив Скализе, лидер на малцинството во Долниот дом, се бара таа да го отстрани Сволвел од комитетот бидејќи тој работи со „најчувствителните информации“.

Темата за врските на младиот конгресмен со атрактивната кинеска државјанка Фанг Фанг, или Кристина Фанг, деновиве обилно се користи низ медиумите блиски на републиканците, како што е Фокс њуз.

Фенг со Сволвел прват се сретнала во 2012 година, а две години подоцна учествувала во собирање средства за кампањата за негов конгресен реизбор. Потоа, таа работела и како стажант во неговиот кабинет.

Како што претходно објави Аксиос, таа продрела не само во блискиот круг на овој конгресмен, туку и учествувала во кампањи и средби со повеќе градоначалници и политичари, и дека со „комбинација од лична харизма, романтични или сексуални врски“, можеби успеала да добие пристап до доверливи информации.

Американските безбедносни служби, сепак, не нашле докази дека Фанг украла класифициран материјал. Изданието наведува дека прибирање приватни и некласифицирани информации за владини личности, како нивни навики, наклоности, распореди, социјални мрежи, па и гласини за нив, е форма на политичко разузнавање.

По неколкугодишниот престој во САД во својство на студент, Фанг во 2015 година, кога започнала истрагата, ненадејно заминала за Кина.

Откако конзервативните медиуми ја „воскреснаа“ темата за врските на оваа наводна кинеска шпионка со демократите, Сволвел и најмалку уште еден конгресмен го раскинаа пријателството со неа на Фејсбук. Пелоси завчера го одбрани нејзиниот колега со изјава дека „демократите знаеја за обидите на ова лице од Кина во 2015 година, но тоа тогаш и заврши“.

Во 2019 година Федералното биро за истраги (ФБИ) ги приоретизираше истрагите околу кинеското влијание во САД и оформи специјална единица за тоа. Републиканците постојано го критикуваат експретседателот Барак Обама за попустливист кон Кина во текот на неговото владеење (2008-2016 година), а тоа го тврдат и за новоизбраниот претседател, демократот Џо Бајден.

Некои извори наведуваат дека Фанг била „само еден од многуте агенти на Пекинг“. Крис Реј, директор на ФБИ, во јули 2020 година изјави дека Кина работи на софистицирана злонамерна кампања за странско влијание во САД.

-Ова вклучува субверзивни, непријавени, криминални или обиди на присила за контрола на нашата владина политика, дисторзија на јавниот дискурс на нашата земја и поткопување на довербата во нашите демократски процеси и вредности, истакна тогаш Реј.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски