Демократскиот гувернер на Луизијана со нов мандат во сојузната држава склона на републиканците

Од:

Гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, конзервативен демократ, го доби својот втор мандат совладувајќи го Еди Риспон, републиканец близок на американскиот претседател, во сојузна држава склона на републиканците.

Пред изборите, Едвардс, кој се спротивставува на абортусот, беше во мало водство пред Риспон, за кого Трамп вели дека е „за семејството, за животот, за 2-риот Амандман (право да поседување оружје) и 100 проценти за Америка“.

Тој победи со 51 процент од гласовите додека Риспон ги доби преостанатите 49 проценти.

Едвардс, единствениот демократски гувернер на т.н. Длабок југ на САД, во кампањата го потенцираше зајакнувањето на економијата.

Во Луизијана се создадени 21.000 работни места за неговиот мандат и стапката на невработеност се намали од шест на четири проценти.

Во твит вчера, Трамп ги повика гласачите да гласаат за Риспон, најавувајќи дека тој ќе ги намали даноците и цените на осигурувањето за возилата што се највисоки во САД и ќе ги заштити нивните права за поседување оружје.

Во победничкиот говор, Едвардс рече дека се слушнал од Риспон на телефон и се согласиле дека кампањата завршила и дека „нашата заедничка љубов кон Луизијана сега е поважна од партиските разлики“.

Риспон му се заблагодари за поддршката на Трамп, кој трипати беше во Луизијана како дел од кампањата.

Би можело да ве интересира

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел