Демократот Девал Патрик се вклучи во претседателската трка во САД

Од:

Поранешниот гувернер на Масачусетс Девал Патрик денеска официјално се приклучи на трката за претседателски кандидат од Демократската партија, и се подготвува да апелира до гласачкото тело од центарот, откако се увиде дека рејтинзите на Џо Бајден се намалуваат, а популарноста е зголемена кај прогресивците.

Неговата кандидатура е на помалку од три месеци пред да започне првичното гласање во партијата, таканаречените прајмериз, избори за претседателски кандидат.

Патрик, кој има 62 години е поранешен заменик државен обвинител на САД, а потоа има успешна кариера во бизнисот – особено на позицијата потпретседател на компанијата Кока-Кола. Во 2006 година тој победи на локалните избори и стана прв афроамерикански гувернер на Масачусетс кој беше реизбран во 2010. Сега работи во инвестициската компанија „Беин капитал“ предводена од Мит Ромни, поранешен републикански кандидат за претседател и сенатор од Јута.

Се очекува да го раздвижи значајното по бројност црнечко население во соседната сојузна држава Њу Хемпшир и во Јужна Каролина.

Неговата задоцнета кандидатура се случува една година откако објави дека нема да се кандидира „поради суровоста на нашиот изборен систем“. Претходно, неговото име се споменуваше како можен кандидат советуван да се кандидираат од поранешниот претседател Барак Обама.

Пораките во неговото промотивно видео објавено денеска се слични на оние од кандидатите како Кори Букер и Пит Бутиџич.

Но тој не е единствениот демократски политичар кој се предомисли и влезе во трката. Неодамна и Мајкл Блумберг, поранешен градоначалник на Њујорк, официјално се вклучи и стана еден повеќемината номинанти (повеќе од десет на број), иако претходно велеше дека нема да учествува во изборите.

И Блумберг и Патрик се подготвуваат да апелираат до гласачкото тело од центарот на идеолошкиот спектар, откако се увиде дека рејтинзите на поранешниот потпретседател Џо Бајден се намалуваат и има тешкотии во финансирање на својата кампања.

Умерените членови на Демократската партија се загрижени од подемот на прогресивните кандидати како Елизабет Ворен или Берни Сандерс. Се појави сомнеж дали полиберални кандидати како нив, кои ветуваат високи даноци за богатите и широки социјални програми, можат да му се спротивстават на претседателот Доналд Трамп на изборите идната година.

Би можело да ве интересира

Демократите официјално објавија обвинувања против Трамп

Трамп вели дека Вреј не може да ја поправи состојбата во ФБИ по критичкиот извештај

Демократите подготвени да го отповикаат Трамп за две злоупотреби

Кина забранува американска опрема во државните институции

Ана Ололовска

Пад на акциите на Вол Стрит

Ана Ололовска

Трамп: Напредуваат преговорите за трговски договор со Мексико и Канада

Ана Ололовска