Демократите во меѓусебни жестоки напади, најмногу настрада Блумберг

Од:

Дебатата на шесте демократските претседателски кандидати синоќа во Невада се претвори во бојно поле на критики и лични пресметки, истакнувајќи ја сериозноста на прашањето, дали вакви дебати можат да им помогнат на демократите да најдат соодветен кандидат против републиканецот Доналд Трамп.

Сопственикот на медиумската империја и милијардер, Мајкл Блумберг беше најмногу на удар.

На последната национална анкета на „Ен-пи-ар“, Пи-би-ес“, Марпол, тој изби на второ место после сенаторот Берни Сандерс, и останатите кандидати кои се надеваат на второ место на изборите во Невада, во него гледаат закана, додека позицијата на сенаторот од Вермонт се засилува.

Критиките кон Блумберг доаѓаа од сите петмина кандидати. Тој е еден од најбогатите луѓе во САД и досега потроши речиси половина милијарда долари за реклама и кадар вработен во кампањата, за да ја вивне својата популарност на нацинално ниво и стапи на дебатната сцена.

Ако пак Сандерс победи на партиските изборни собранија в сабота во Невада, судејќи според последната анкета тоа е очекувано, тој најверојатно ќе стане демократски фаворит пар екселанс –популист, антитеза на Трамп, кој во манир на социјалистички водач испраќа пораки до „работниот народ“, до „денешната младина“, која, според него е „најпрогресивно младо поколение во сета историја на САД“, но и до латиноамериканците и другите малцинства.

Неговите две главни ветувања се бесплатна здравствена заштита за сите, и бесплатно високо образование по европски рецепт.

На дебатата синоќа, и Блумберг и Сандерс, најмногу разменија напади еден на друг, но и најмногу беа на удар од критики на останатите. Затоа беа во дефанзива, но со обидуваа да ги пренесат своите стојалишта.

Уште на почетокот, сенаторката Елизабет Ворен атакуваше со обвинувањето дека Блумберг е „Доналд Трамп број два“.

-Во трка сме против еден милијардер за кого жените се ‘дебели баби’ и ‘лезбејки со коњско лице’. И не, не зборувам за Доналд Трамп, а за градоначалникот Блумберг, изјави Вoрен.

Сенаторката од Масачусетс ја адресираше нашироко познатата корпоративна култура на компанијата на Блумберг, каде наводно имало случаи на малтертирани жени, мобинг и сексизам, а некои дури и потпишале изјави за неразгласување, бидејќи Блумберг со нив лично се постмевал и навредувал.

Милијардерот тоа не го негирапе, и потврди дека имало такви договори, кои биле „неколку“.

Сандерс и сенаторката Ејми Клобучар го обвинија Блумберг дека сака да ја купи демократската номинација со бомбардирање на корисниците со ТВ и онлајн реклами, без да се појави на прелиминарните демократски избори во четири сојузни држави.

Блумберг речиси постојано се бранеше и понекогаш се наоѓаше „во небрано“ од некои директни напади, обидувајќи се, но неуспешно, да се оправда. Како на пример кога појаснуваше за од него воведената полициска практика „запри и пребарувај“ против афроамериканците, латиноамериканците и другите малцински групи на Њујорк, кои со години биле подложени на полициска тортура, а со претекст борба против криминалот и запирање на вооружените напади и убиства во градот.

Своја епизода имаа и поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Индијана, Пит Бутиџич и Клобучар, кои се нафрлија еден на друг околу надворешната политика. Бутиџич ја обвини сенаторката за непознавање на политиката кон Мексико, иако работела во сенатски комитети кои

се занимавале со погранични прашања и соседска трговија, и за неодамнешно интервју кога таа не знаела да го каже името на мексиканскиот претседател Андре Мануел Лопез Обрадор.

-Дали ме сметаш за глупава, дали се подбиваш со мене, Пит, му одговори таа на Бутиџич. Додаде деке победила во сите свои кампања, но тој ја изгубил својата единствена, кога се кандидирал за сенатор од Индијана, „и тоа за 20 отсто“.

Караницата меѓу двајцата прекина по интервенција на телевизиските модератори.

Жолчни беа и препукувањата помеѓу Сандерс и Блумберг, едниот прокламиран демократски социјалист, а другиот шести милијардер по големина на богатство во светот.

Сандерс одговори на прашање за неговото лична здравствена состојба со напомена дека и на Блумберг му биле ставени „два стента“ на срцето, на што овој одговори дека тој ги добил двата стента пред две децении.

Откако укажа дека нема да се извинува за големината на својот имот бидејќи го стекнал макотрпно, Сандерс нафрли „можеби твоите работници играле улога во тоа“. При крајот, Блумберг се конфронтираше со ставот дека би било „смешно“ да се мисли дека САД ќе го „отфрлат капитализмот“.

Или досетката „во каква прекрасна земја живееме, најпознатиот социјалист кај нас е милионер со три куќи“. Откако Сандерс кажа за своите куќи, дофрли на Блумберг „кажи кој даночен рај го сметаш за свој дом“.

Во нападите кон Блумберг се вклучи и поранешниот потпретседател Џо Бајден, но станува очигледно дека трката, која по се изглед се претвора во бојно поле, ќе се води помеѓу двајцата 78 годишници Сандерс и Блумберг.

Во пресрет на дебатата вчера, тие веќе разменија критики, како за физичката подготвеност така и за тајноста во која едниот и другиот ги чуваат здравствените картони и дијагнозите поставени од лекарите.

По какусите во сабота во Невада, изборниот караван на демократите се сели во Јужна Каролина при крајот на месецот, пред на 3 март да се одржи гласањето во 14 сојузни држави, таканаречанот „супер вторник“.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат