Делта-сојот коси во Русија, во Москва кампања за вакцинација со трета доза

Од:

Руските власти денеска соопштија дека во последните 24 часа 25.142 лица биле заразени со коронавирусот.

Русија бележи голем број смртни случаи од коронавирус веќе една недела, 697 во саботата и 663 денеска.

Во Москва, каде е главното жариште на епидемијата, во последните 24 часа починаа 111 лице, а заразени се 7.624 лица.

Во четвртокот во руската престолнина и другите области започна кампања за ревакцинација за оние кои примија две дози вакцина против коронавирусот пред повеќе од шест месеци. Властите нудат трета доза на вакцина поради појава на нови видови на вирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна повторно го повика населението да се вакцинира и додаде дека треба да ги слушаат упатствата на експертите, а не гласините за коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Во Русија првпат повеќе 100.000 заболени со ковид во еден ден

Путин се надева оти Русија ќе вакцинира доволно луѓе за да постигне колективен имунитет на Ковид-19 следната година

Руски политичар примил шест дози ковид вакцини

Од 30 октомври Санкт Петербург се затвора на седум денови

Во Русија над 1000 починати во еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата

Путин: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19

Катерина Ѓуровски