Делегации од Финска и Шведска во Турција на разговори за кандидатурите за НАТО

Од:

Делегации од Финска и Шведска денеска ќе пристигнат во Анкара за да разговараат со турските власти за членството на двете скандинавски земји во НАТО, објави „А Хабер“.

Според информациите, делегациите на двете земји ќе се сретнат со Ибрахим Калан, советник на претседателот Реџеп Таип Ердоган и Седат Јонал, заменик министер за надворешни работи на Турција. Средбите ќе се одржат во Претседателската палата и во Министерството за надворешни работи.

Турција се спротивставува на кандидатурите на НАТО и Шведска за НАТО, обвинувајќи ги двете скандинавски земји дека толерираат, па дури и поддржуваат терористички организации, вклучително и Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара, ЕУ и САД ја сметаат за терористичка организација. Покрај тоа, Анкара се залага за укинување на ограничувањата наметнати од двете скандинавски земји, како и нејзините сојузници во НАТО, за извоз на одбранбена опрема за Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија