Делегации на Шведска и Финска денеска во Турција на состанок за нивното членство во НАТО

Од:

Претставници на Шведска и Финска денеска се среќаваат со претставници на турските власти за да разговараат за нивните барања за влез во НАТО.

Двете земји ги поднесоа своите барања за приклучување кон Алијансата по руската инвазија врз Украина, а за одлуката за прием ум е потребна согласноста на сите 30 членки на НАТО.

Но, Турција се спротивстави на нивните тврдења. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган ги обвини двете земји дека на своја територија им даваат закрила на поддржувачи на курдската сепаратистичка милитантна група ПКК.

Шведска и Финска воведоа санкции кон Анкара во 2019 година по воениот упад во Сирија, каде што се активни некои курдски милитанти.

Некои аналитичари веруваат дека е можно Турција да се противи на членството на двете земји во обид да бара и добие отстапки од другите членки на НАТО.

Шефот на финската дипломатија изјави дека се надева оти двете страни би можеле да ги разјаснат своите разлики.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија