Дел од ранетите евакуирани од Азовстал, објавени се потресни слики

Од:

Околу 53 ранети украински војници, кои доцна синоќа беа евакуирани од челичарницата со автобуси, пристигнаа во градот Новоазовск под руска контрола, пренесува SkyNews.

Новоазовск е на околу 50 километри источно од Мариупол, а војниците се префрлени во тамошната болница.

Други 211 лица биле однесени во Оленивка, околу 80 километри на север.

Тие ќе бидат разменети со руски воени заробеници за да се вратат дома, соопшти Министерството за одбрана на Украина.

Неутврден број војници останале во челичарницата, од каде пристигнуваат шокантни слики на еден од членовите на Азов, Дмитриј Козацки, чии слики со недели ги објавуваат украинските медиуми и се споделуваат на социјалните мрежи.

Козацки пред неколку недели објави слики од челичарницата, пишувајќи дека ова е неговиот најболен извештај од Азовстал и дека светот мора да види во какви услови се цивилите и бранителите на Мариупол.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ