„Дејли мејл“: Полицијата бара девојка од Косово, за која постои сомнение дека била со киднаперот на Медлин Мекејн

Од:

Полицијата бара девојка од Косово, за која постои сомнение дека била со киднаперот на тригодишното британско девојче Медлин Мекејн, која во 2007 година исчезна во Португалија, јавува весникот „Дејли мејл“.

Весникот наведува дека се верува дека девојката била во куќата со киднаперот во градот Пра де Луз во Португалија, кога Медлин Мекејн, која во тоа место била на одмор со своите родители, исчезна од хотелот.

Полицијата се надева дека ќе ја пронајде поранешната партнерка на киднаперот, за која се верува дека во тоа време била малолетна и дека потекнувала од Косово, пренесува „Дејли мејл“.

Тригодишната Медлин исчезна на 3 мај 2007 година, додека нејзините родители биле во блискиот бар.

Германскиот обвинител од Брауншвајг, Ханс Кристијан Волтерс, вчера соошти дека претпоставува дека девојчето е мртво.

Тој објасни дека 43-годишен германски државјанин се истражува под сомнение за убиство, јави Си-ен-ен. Осомничениот, кој во германските медиуми бил посочен како Кристијан Б, во моментов издржува казна затвор.

Се верува дека тој бил во областа каде што последен пат била видена Медлин за време на нејзиниот летен одмор во Португалија. Меѓу 1995 и 2007 година тој живеел во Алварге, каде ограбувал хотели и продавал дрога, соопшти германската полиција.

Полицијата, исто така, соопшти дека тој повеќе пати бил осуден за сексуални злосторства врз девојчиња и дека сега е на издржување долгогодишна затворска казна.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он