„Дејли меил“: Дишењето воздух во Лондон е како пушење 160 цигари годишно

Од:

Воздухот од Лондон е толку загаден што вдишувањето за 12 месеци е еднакво на пушење 160 цигари за една година, според „Дејли меил“.

Весникот ја цитира студијата на Британската фондација за срце, oд каде предупредуваат дека загадениот градски воздух мора да стане еден од итните здравствени приоритети за владата.

Воздухот во Њуам, Источен Лондон, е четирипати позагаден од најчистиот – на Западните острови во Шкотска.

Експертите се загрижени дека од 25-те најзагадени области во Велика Британија, 24 се наоѓаат во Лондон. Ситните честички од прашина како резултат на контаминација, влегуваат во човечкото тело и предизвикуваат опасни по живот болести како што се мозочни удари и срцев удар, придонесуваат за развојот на белодробни заболувања и карцином.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он