Дефицитот на Франција во 2014 ќе биде поголем од предвиденото

Од:

Дефицитот на Франција во 2014 година ќе достигне 88,2 милијарди евра, односно 4,3 милијарди повеќе од предвиденото.

Зглемувањето на дефицитот, според објаснувањето дадено од француската Влада, се должи на „макроекономскиот контекст кој влијае значајно врз даночните приходи во општиот буџет“, се вели во досието на Министертсвото за финансии на Франција.

Слабиот економски раст доведува до пониски даночни приходи кои беа предвидени со данокот за претпријатијата, како со приходите од данокот за додадена вредност и од даночните обврзници. Всушност во буџетот на државата ќе се влејаат 6,1 милијарди евра помалку од предвиденото.

Во делот на трошоците, исто така, ќе има надминување за 2,1 милијарди евра, главно поради француските воени операции во странство, како и зголемувањето на трошоците за социјалната помош.

Надминувањето на предвидените трошоци ќе биде компензирано со 1,8 милијарди евра на укинување на министерските кредити, односно резервите кои вообичаено се замрзнати на почетокот од годината.

Франција и покрај ова, останува на своите предвидувања за јавниот дефицит, кој ќе остане на 4,4 отсто од БДП во 2014-та, по 4,1 проценти во 2013 и планиранире 4,3 отсто во 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм