Дефект на амбулантното возило во кое се возел Мандела

Од:

Како последица на дефект на моторот на амбулантното возило со тешко болниот Нелсон Мандела, тој со големо задоцнување биле пренесен во одделот за интензивна нега во болницата во Преторија.

Во моментот додека Мандела со тешко воспалување на белите дробови бил префрлан од неговиот дом во Јоханесбург во болницата, на возилото му откажал моторот, па придружбата на поранешниот јужноафрикански претседател одлучила да повика друго возило.

Поминале повеќе од 40 минути додека дошло ново амбулатно возило, а Мандела морал да чека на отворен пат во услови на мошне ниска температура.

Инцидентот се случил на 8 јуни во раните утрински часови, но тој беше обелодент дури сега од страна на американската текевизија Си-Би-Ес.

Јужноафриканските власти денеска потврдија дека Мандела морал да чека во дефектното возило, но нагласуваат дека инцидентот не предизвикал влошување на неговата здравствена положба, ниту го загрозил неговиот живот.

Според властите, Мандела во сите тие 40 минути бил под постојана контрола на медициски лица од одделот за интензивна нега, каде поранешниот претседател се лекува веќе две недели.

Медицински експерти укажуваат дека ситуацијата со поранешниот претседател била ризична за болниот пациент, затоа што воспаление на белите дробови на човек на 94 години, колку што има Мандела, може да биде фатално ако се задоцни со лекарската интервенција.

Инаку, според најновите информации од болничкиот билтен, здравствената состојба на Нелсон Мандела е „серозна, но стабилна“. Неговиот внук за една јужноафриканска телевизија изкави дека неговиот дедо е „подобар“ и дека „наскоро ќе се врати дома“.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Орце Костов

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска