Децата во прифатниот центар Рукбан не можат да преживеат, тврди руско-сирискиот штаб

Од:

Децата во прифатниот центар во Рукбан во Сирија, во кој екстремистичките групи со поддршка на САД под присила држат бегалци, поради катастрофалната состојба, немаат шанси да преживеат, соопштија шефовите на руско-сирискиот штаб за меѓународна соработка, Михаил Мизничев и Хусеин Махлуф.

– Состојбата во центарот и натаму е катастрофална, луѓето мораат да преживуваат во најсурови услови, соочувајќи се со екстремистичкото насилство секој ден. Децата најмногу страдаат. Земајќи ги предвид недостигот на храна и лекови, како и ужасните санитарни услови и ширењето заразни болести, бебињата имаат мали шанси да преживеат, се наведува во заедничкото соопштение на Мизничев и Махлуф.

Тие додаваат дека најчести жртви се децата помали од две години, кои умираат речиси секој ден.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов