Децата на Исламска држава – трауми во камповите за семејствата на екстремистите

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Меѓународните медиуми ги нарекуваат камповите во кои се сместени семејствата на припадниците на терористичката Исламска држава „инкубатори“ за преродба на таа организација. Сепак, хуманитарните организации велат дека и покрај изложеноста на насилство и екстремизам, децата во овие кампови можат да бидат спасени, рехабилитирани и реинтегрирани во надворешниот свет. Тие тврдат дека акцијата треба да биде брза за да има ефект, додавајќи дека траумата кај децата секој ден е сè поголема.

Во кампот „Аин Иса“ во Сирија, некои деца на странските борци во ИД го покажуваат средниот прст или се преправаат дека пукаат во снимателот, како рацете да им се пушки. Во кампот „Ал Хол“ на многу момчиња им е кажано дека ќе пораснат за да бидат следната генерација екстремисти. Девојчињата на возраст под 10 години носат превез поради понизност. Некои мајки сега ја отфрлаат Исламска држава и велат дека сметале дека е добра идеја кога ги напуштиле своите домови за да им се придружат.

– Кога ќе почнете да ја почитувате својата религија, многу очи ќе бидат насочени кон вас. Луѓето почнуваат да се прашуваат зошто го покривате лицето. Зошто го правите ова? И тогаш ја добивате понудата. Може да живеете во Исламска држава каде што никој нема да ви ги постави сите овие прашања, објаснува белгиската државјанка Букра Абуалал.

Повеќе од 50.000 деца на екстремисти сега се наоѓаат во кампови, откако последното упориште на ИД во Сирија беше ослободено во март. Повеќето се со своите мајки, кои се сопруги и други роднини на борците на таканаречениот калифат. Нивните татковци најчесто се мртви или во затвор.

Надлежните велат дека камповите станале многу опасни затоа што има напади врз чувари и жени кои повеќе не ги следат строгите правила во рамките на кампот, кои ги применуваат жените кои имаат воспоставено свои морални норми во стилот на Исламска држава.

Илјадници семејства не се жители на регионот и властите постојано ги повикуваат странските држави да ги преземат своите државјани.

– Ние ја зајакнуваме безбедноста во кампот „Ал Хол“, но тоа е политички проблем за 50 држави, не само за нас, вели Мустафа Бали, портпарол на Сириските демократски сили.

Хуманитарните организации истакнуваат дека сè уште не е доцна за да се спасат децата на екстремистите од ИД. Меѓутоа, ако ништо не се смени во овие кампови, велат тие, хуманитарната криза може да се претвори во безбедносна катастрофа.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска