Деца на француски џихадисти од кампови во Сирија вратени дома

Од:

Десет деца на француски џихадисти, кои се наоѓаат во кампови за раселени лица под курдска контрола во Сирија, се вратени во Франција, се наведува во соопштение на Министерството за надворешни работи во Париз.

Ова се „малолетни лица, сирачиња или хуманитарни случаи“, се вели во соопштението на Министерството. Не е соопштено како децата ја напуштиле Сирија или каде точно влегле во Франција.

Децата се предадени на француското судство, ќе бидат подложени на специјални медицински прегледи и ќе бидат преземени од социјалните служби, додаде Министерството.

Од поразот на ИД во март 2019 година, Франција врати вкупно 28 деца од Сирија. Париз се заблагодари на полу-автономната курдска администрација во североисточна Сирија за соработката во новиот случај.

Франција одбива да врати дома околу 150 нејзини возрасни граѓани, мажи и жени, претпочитајќи да бидат судени на лице место. Ситуацијата е комплицирана со присуството на околу 300 деца на француски џихадисти, чие враќање се бара дозвола од нивните мајки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети