Дански политичари 40 минути држеле состанок по телефон со лажна Тихановскаја

Од:

Дански политичари оваа недела одржале доверлив виртуелен состанок со лице за кое се покажа дека лажно се претставува како опозициската белоруска политичарка Светлана Тихановскаја, соопшти денеска данскиот Парламент.

dobivaj vesti na viber

Членовите на парламентарната Комисија за надворешна политика разговарале со жената која ги измамила цели 40 минути, пред повикот на конференциската врска да биде нагло прекинат, без тие да бидат свесни за тоа.

Во соопштението се вели дека соработници на опозициската политичарка, кои побегнаа во Литванија по изборите во Белорусија на 9 август, им рекле на данските пратеници дека Тихановскаја не учествувала на тој виртуелен состанок.

Заменик-претседателот на Комитетот, Мајкл Ааструп Јенсен, објасни дека состанокот бил замислен како видео конференција, но дека лицето кое погрешно се претставило рекло дека не работи со веб-камера, туку само со аудио.

Тој посочи дека на тој состанок не биле откриени никакви доверливи информации и дека биле преземени мерки за да се спречи сличен инцидент во иднина.

Јенсен исто така рече дека компјутерски експерти откриле дека веб-страницата од која лицето контактирало се наоѓа во Русија. Претседателот на Комитетот и поранешен министер за надворешни работи Мартин Лидегард изјави дека се уште не е познато кој стои зад измамата, но има индиции за руска врска.

Би можело да ве интересира

Белорусија распоредува воени сили како одговор на можни терористички акции

А1он

„Крвави пакети“ пристигнаа во украинските амбасади во ЕУ: Киев бара итно објаснување, службениците во паника

А1он

Белоруските вооружени сили почнаа вежби за борбена готовност

А1он

Белоруската лидерка Калесникава од затвор ненадејно префрлена во болница

Украински разузнавачи: Лага е дека Белорусија ќе не нападне

А1он

Ненадејно почина белорускиот министер за надворешни работи

Ана Ололовска