Данска воведе „ковид пасоши“ за внатрешна употреба, во Холандија ќе се тестираат посетители на влезовите од музеите

Од:

Данска од денеска почнува со користење на „ковид пасоши“ со цел да им помогне на „несуштинските компании“ повторно да се отворат кон клиентите. Сертификатот за вакцинација е достапен преку мобилна апликација или во хартиена форма.

„Ковид пасошот“ важи за луѓето кои се целосно вакцинирани, биле позитивни на Ковид-19 пред две до 12 недели или имаат негативен ПЦР тест во претходните 72 часа.

Целта е властите постепено да почнат со отворање на економијата во земјата до крајот на мај. Рестораните, музеите, театрите и кино салите ќе бидат отворени на 6 мај. До 21 мај, Владата проценува дека ќе има доволно вакцинирани лица на возраст над 50 години.

– Компаниите кои ќе дозволат влез за клиенти без соодветен „ковид пасош“ ќе бидат казнети со 400 евра или 6.000 евра за повторени прекршувања, додека клиентите ќе бидат казнети со 330 евра, предупреди данското Министерство за правда.

Сепак, некои трговци се незадоволни од воведената задолжителна мерка. Данска е меѓу првите земји во Европа која спроведува ваков систем. Сепак, „ковид пасошот“ не може да се користи за патување, иако Владата се надева на тоа. Околу седум отсто од 5,8 милиони жители на Данска се целосно вакцинирани, а вкупно 13,3 отсто примиле барем една доза.

Во меѓувреме, холандската Влада соопшти дека ќе почне со отворање на музеите и зоолошките градини овој месец, нудејќи им на посетителите задолжително тестирање на Ковид-19 пред да влезат, соопшти Министерството за здравство.

Тоа е прво олеснување на рестриктивните мерки од последното заклучување во земјата.

Според сегашните мерки, забранети се јавни собири на повеќе од две лица, рестораните можат да продаваат храна за носење, а навечер е во сила полициски час.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски