Данска сака засилен надзор над Арктичкото Море поради Русија

Од:

Данската Влада сака да ја зголеми воената контрола врз Арктичкото Море и воздушниот простор како одговор на зголемената руска активност во регионот. Тоа го нагласи премиерката Мете Фредериксен во пресрет на самитот на НАТО во Лондон.

„Забележуваме зголемување на руското присуство околу Арктикот“, рече Фредериксен во интервју за весникот „Берлингске“ додека лидерите на НАТО се собираа во Лондон.

Таа предложи зајакнување на „против-подморничкиот капацитет, како и надгледување на воздушниот простор над Арктикот со употреба на радари, сателити и авиони.

Мете Фредериксен рече дека планот, за што е потребно одобрување од Парламентот, нема да бара дополнителни трошоци, но ќе изнесува 1,5 милијарди дански круни (200 милиони евра) од постоечкиот воен буџет на државата.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он