Данска сака да инвестира 5,5 милијарди долари во нови воени бродови

Од:

Данска се очекува да инвестира 40 милијарди дански круни (5,47 милијарди долари) во нови воени бродови, бидејќи членката на НАТО се обидува да ја зајакне својата поморска безбедност по руската инвазија на Украина, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.

-Како дел од инвестициите што треба да се направат во следните 20-25 години, започна партнерство со индустријата за поморска безбедност во земјата за развој и изградба на нови воени бродови во Данска, рече данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков.

-Со рускиот напад во Украина и новата безбедносна ситуација во Европа, поважно е од кога било Данска да може да се одбрани, додаде тој.

Данска вети дека постепено ќе ги зголемува трошоците за одбрана на 2 процентни поени од нејзиниот БДП до 2033 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген

(ВИДЕО) Гори товарен брод со 3.000 автомобили: Има мртви, неколкумина се повредени

Горан Наумовски

Данска: Подготвени сме да и дадеме Ф-16 на Украина

Ана Ололовска

Данска ќе обучува украински пилоти за Ф-16 авионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Напад во Данска: Запален Куранот, осквернавено турското знаме

Катерина Ѓуровски

Затвор за газдата и капетанот на „Атлантија“ на кој почина италијански турист, а две деца едвај се спасија