Данилов: Кремљ ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник

Од:

Олексеј Данилов, советник за безбедност на украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска предупреди дека руските планови за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе ја дестабилизираат таа земја.

„Кремљ ја зеде Белорусија како нуклеарен заложник“, напиша Данилов на Твитер, пренесе Ројтерс.

Москва и Минск се договорија да разместат тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, изјави во саботата рускиот претседател Владимир Путин во интервју за телевизијата „Русија 24“.

Тој прецизираше дека изградбата на складиштето ќе биде завршена на 1 јули, пренесе РИА Новости.

Претседателот на Русија посочи дека ќе распоредат оружје без да ги прекршат обврските од договорот СТАРТ.

Според него, причина за таквиот чекор била најавата на Велика Британија дека ќе ја снабдува Украина со муниција со осиромашен ураниум.

Во исто време, Путин истакна дека Белорусија долго време бара руско нуклеарно оружје да биде распоредено на нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија сигурно ќе победи во војната во Украина

ISW: Путин се обиде да го намали значењето на нападите со дронови врз Москва

Ана Ололовска

Во секој момент знаеме каде се Путин и Пригожин тврди украинското разузнавање

ВИДЕО: Путин ја обвини Украина за тероризам и се закани со одмазда

Катерина Павлова-Николовска

Белорусија ги затвора патиштата кон Русија, најавува и формирање на народна милиција

Шолц: Подготвен сум да разговарам со Путин за Украина

Ана Ололовска