Данците над 50 години ќе можат да примат четврта доза вакцина против Ковид-19

Од:

Данска планира наесен да им понуди четврта доза вакцина против Ковид-19 на луѓето постари од 50 години, изјави денеска премиерката Мете Фредериксен, објавувајќи ја стратегија за борба против ширењето на коронавирусот во следните месеци.

dobivaj vesti na viber

Иако стапката на зараза со Ковид-19 е сè уште ниска, Данска забележа зголемување на случаите со новиот сој на Омикрон БА. 5, што изгледа се шири побрзо од другите соеви и стана доминантен во земјата.

– Не сме изненадени што се појавуваат нови соеви и што инфекцијата може да се шири побрзо, но сепак се случи порано од очекуваното. И затоа треба да реагираме и затоа постапуваме сега, посочи Фредериксен.

Таа додаде дека ранливите групи ќе можат да добијат дополнителна доза вакцина веќе од следната недела.

Би можело да ве интересира

Околу 28.500 Грци примиле терапија за Ковид-19 со антивирусниот лек „Паксловид“

Северна Кореја прогласи победа над коронавирусот и го обвини Сеул за избувнувањето

Ана Ололовска

Во Србија реално петпати е поголем бројот на заразени со коронавирусот

Ана Ололовска

Германија од октомври со нови мерки за третата есен од пандемијата

А1он

Објавени се вознемирувачки снимки од разговорот на починатиот хрватски новинар Владимир Матијаниќ со дежурните лекари

Горан Наумовски

За една седмица над 122.000 заразени и 355 починати од Ковид-19 во Грција

Горан Наумовски