Данчила: Силување и педофилија во Романија ќе се казнува со доживотен затвор

Од:

Романија итно ќе воведе нов закон со кој се изрекува доживотен затвор за силување и педофилија, изјави романската премиерка Виорика Данчила.

Изјавата доаѓа откако ДНК-тестовите потврдија дека 15 годишната киднапирана девојка Александра Мачешаму, која исчезна на 24 јули, била убиена.

Случајот предизвика бес во Романија и изнесе многу недостатоци во полицискиот и судскиот систем во земјата.

Механичар од градот Каракал на југот на земјата призна дека ги убил Александра и уште една осумнаесетгодишна девојка, која последен пат била видена жива во април.

– Ќе имаме нулта толеранција за недостиг на човечност и непочитување на граѓаните, рече премиерот Данчила, најавувајќи нови владини мерки.

Осудените педофили и силувачи сега се соочуваат со затворска казна од седум и 12 години, соодветно, а силувачите се осудуваат до 18 години затвор ако умрат нивните жртви.

Александра трипати го повикала европскиот број за итни случаи 112 и рекла дека е киднапирана, тепана и силувана, но на полицијата и биле потребни 19 часа за да го пронајде сторителот, во чиј дом пронашла коски и ДНК докази.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет