Дамаск: САД сакаат да го изгладнат сирискиот народ

Од:

Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Моалем ги обвини Соединетите Американски Држави дека сакаат да го изморат со глад сирискиот народ, преку воведување нови санкции и да отворат врата за враќање на тероризмот во земјата која е опустошена од долгогодишната војна.

Ал-Моалем рече дека санкциите се предизвик, но дека не е невозможно да се надминат и инсистираше на тоа дека Владата ќе може, со помош на пријатели и сојузници, да се справи со таканаречениот Закон за граѓанска заштита во Сирија.

Законот е познат како „Цезаров закон“ и е именуван по псевдонимот на сирискиот полицаец, кој објави фотографии на илјадници жртви кои биле измачувани од владата на Асад.

„Предизвиците не се лесни. Веќе започнавме со преземање мерки за сузбивање на овие санкции,“ рече Ал-Моалем.

Најновите американски санкции се најстрогите досега усвоени против Сирија и се однесуваат на сите лица или субјекти кои имаат деловни активности со сириската Влада или ги поддржуваат нејзините воени дејствија, вклучително и со реконструкција, испорака на гориво и во други сектори.

Бизнисмените блиски до сириската Влада се додадени на списокот на санкции во рамките на новите мерки. Американскиот Стејт департмент и Министерството за финансии, исто така, го ставија претседателот Башар ал-Асад, неговата сопруга и роднините на списокот на санкции.

 

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност