Цукенберг пред Европскиот парламент ќе го објаснува користење на личните податоци

Од:

Европскиот парламент, по примерот на британскиот Парламент, го повика основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, да го објасни користењето на личните податоци на корисниците на оваа социјална мрежа од страна на компанијата „Кембриџ аналитика“.

„Го повикавме Марк Цукерберг во Европскиот парламент. ‘Фејсбук’ треба пред претставниците на 500 милиони Европејци да го разјасни фактот дека личните податоци не се злоупотребени за да се манипулира со демократијата“, напиша претседателот на ЕП, Антонио Тајани, на „Твитер“.

Претходно беше објавено дека британските власти сакаат да истражат дали се точни наводите дека „Кембриџ аналитика“ користела лични податоци без дозвола од корисниците на „Фејсбук“ за да му помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2016 година. Компанијата со седиште во Лондон ги негира обвинувањата.

Би-би-си објави дека поранешниот вработен во „Кембриџ аналитика“, Кристофер Вајли, рекол дека компанијата собрала огромен број податоци преку квиз на „Фејсбук“ наречен „Ова е твојот дигитален живот“. Вајли тврди дека во квизот учествувале околу 270.000 луѓе, а дека податоците на речиси 50 милиони корисници, претежно од САД, се собрани без нивно експлицитно одобрение. Тој вели дека податоците ѝ се продадени на „Кембриџ аналитика“, која ги користела за правење психолошки профили по што на корисниците им биле прикажувани приспособени реклами и вести во корист на Трамп со цел да се влијае на исходот на изборите за претседател во 2016 година.

Од Белата куќа соопштиле дека Трамп ја поздравува истрагата затоа што, како што рекол, приватноста на Американците мора да биде заштитена.

Управниот одбор на „Кембриџ аналитика“ соопшти дека го суспендирала генералниот директор на компанијата, Александар Никс, сè додека не заврши истрагата.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ