„Црвено-жолтите“ почнаа со подготовки за Полска, Адеми не тренира

Од:

Македонскиот фудбалски национален тим вечерва го одржува својот прв тренинг во Варшава, во пресрет на гостувањето кај Полска во меч од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Игор Ангеловски му даде одмор на Езџан Алиоски, кој според најавите, утре треба да почне со тренинзи, а поради повреда не тренираше ниту Аријан Адеми, чиј настап на ова гостување е неизвесен. Веројатно утре ќе се знае дали играчот на Динамо Загреб ќе може да игра, или ќе треба да се бара некое друго решение за пополнување на средниот ред.

За разлика од мечот со Словенија, против Полска на располагање е и дефанзивецот Бејтулаи кој ја одлежа суспензијата. Полјаците имаат пет, а Австријците два бода повеќе од нашата репрезентација, па борбата за првите две места во групата ќе трае до крајот на циклусот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска