Црвениот крст стравува од ширење на Ковид-19 во воените услови во Украина

Од:

Експертите од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФЦР) изразија загриженост дека војната во Украина би можела да доведе до зголемување на бројот на новозаразени со Ковид-19, како во земјата така и во соседните држави.
Во Украина во февруари на дневно ниво се регистрираа по 900.000 заразени, а 60 отсто од тестираните беа позитивни.

– Не може да се применуваат превентивни мерки. Гледаме пренатрупаност во засолништата, возовите, автобусите и хотелите. Поради намалување на бројот на тестирање поради војната, ќе биде потешко да се добие целосна епидемиолошка слика, изјави Петра Кури од ИФЦР.

Соседните земји на Украина, Молдавија и Романија, дестинации за многу украински бегалци, имаат ниска стапка на вакцинација против Ковид-19.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

Четири лица загинаа во рускиот напад на Одеса, меѓу кои и 10-годишно девојче

Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во напад со дрон во областа Курск

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни