Црвен крст повикува на прекин на кибер нападите врз здравствени установи

Од:

Меѓународниот Црвен крст повика, во писмо објавено денеска, да се стави крај на кибер нападите врз здравствените и истражувачките институции за време на пандемијата на коронавирусот.

Ваквите напади се закана за човечки животи и владите мораат веднаш да преземат „одлучувачни“ мерки, се вели во писмото потпишано и од група политичари и бизнисмени.

„Се надеваме дека владите во светот ќе преземат акција и ќе ја потврдат својата посветеност кон меѓународните правила што забрануваат вакви активности“, нагласува Питер Маурер, претседател на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Претседателот на „Мајкрософт“ Бред Смит и поранешниот американски државен секретар, Медлин Олбрајт, се меѓу 42 потписници на писмото, иницирани од невладината организација CyberPeace Institute, чија мисија е да спречат злоупотреба на интернет.

Пред еден месец, чешките власти објавија дека нивниот здравствен систем бил дигитално нападнат.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска